сабота, 27 јули 2024

Министерството за правда демантира: Нема наша одговорност за текстот на Изборниот законик

Министерството за правда реагира на текстот на МКД.мк кој се однесува на вчерашната инаугурација на претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, во контекст на член 123 од Изборниот законик во кој не е наведено уставното име на државата во текстот на свечената заклетва, како и во целиот Изборен законик. Министерството отфрла своја одговорност.

Објавено на

часот

Сподели

Во демантот на Министерството за правда се вели:

„Ги демантираме вашите наводи дека Министерството за правда има одговорност за измените на Изборниот законик кој беше усвоен во март 2024 година. Изборниот законик беше предложен од страна на група пратеници во Собранието во два наврати и беа објавени во Службен весник на  11.03.2024 и 03.04.20224 година.

Во рамките на Министерството за правда имаше формирано работна група од експерти, политички партии, невладини организации и претставници од државни институции кои работеа на измените на Изборниот законик и во кој беа инкорпорирани препораките на ОБСЕ/ОДИХР, но тој текст не беше поддржан од страна на политичките партии“, се вели во демантот на Министерстото за правда“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ