Во демантот на Министерството за правда се вели:
„Ги демантираме вашите наводи дека Министерството за правда има одговорност за измените на Изборниот законик кој беше усвоен во март 2024 година. Изборниот законик беше предложен од страна на група пратеници во Собранието во два наврати и беа објавени во Службен весник на 11.03.2024 и 03.04.20224 година.
Во рамките на Министерството за правда имаше формирано работна група од експерти, политички партии, невладини организации и претставници од државни институции кои работеа на измените на Изборниот законик и во кој беа инкорпорирани препораките на ОБСЕ/ОДИХР, но тој текст не беше поддржан од страна на политичките партии“, се вели во демантот на Министерстото за правда“.