среда, 23 октомври 2024

Mинистерството за финансии подготвува закон за специјалната финансиска соработка со Унгарија

Владата на денешната седница го задолжила Министерството за финансии да изготви Закон со кој ќе се регулира специјалната финансиска соработка со Унгарија за обезбедување на 500 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

Парите, како што наведуваат од прес-службата на Владата, ќе бидат наменети за капитални проекти во општините и домашното стопанство.

Министерството за транспорт на денешната седница ја информирало Владата дека успеало да постигне согласност со изведувачот на автопатот Кичево – Охрид, Синохидро за да ја повлече арбитражата пред Меѓународниот суд за арбитража во Париз со кој беше оптужено Јавното претпријатие за државни патишта.

„На овој начин се заштедени над 50 милиони евра кои ќе беа потрошени доколку арбитражната постапка продолжеше“, стои во соопштението од владината прес-служба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ