Со Програмата за инвестирање во животната средина за 2025 година се утврдува намената и се доделуваат средства за финансирање, кофинансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за годинава. Средствата за реализирање на оваа програма се обезбедуваат од надоместоците утврдени во членот 162 од Законот за животната средина и се предвидени во Буџетот на Македонија за 2025 година во вкупен износ од 871.128.000 денари.
Средствата се намнети за следни активности: поддршка на мерки и активности за спроведување на обуки за заштита и унапредување на животната средина, поддршка на мерки и активности за управување и заштита на водите во Македонија, поддршка на мерки и активности за заштита на квалитетот на воздухот, поддршка на мерки и активности за третман на отпадни води и поддршка на мерки и активности за заштита и унапредување на животната средина.
![](https://mkd.mk/wp-content/uploads/2025/02/vlada-1024x682.jpg)
Со Програмата за унапредување со водите се утврдуваат средствата за извршување на работите согласно член 212 од Законот за водите и тоа за: управување и развој на водните ресурси и надоместување на трошоците за работење на органите на државната управа и органите и организациите кои имаат соодветни надлежности во управувањето со води, изградба на нови и одржување и унапредување на постојните јавни водоснабдителни објекти, изградба на нови и одржување и унапредување на постојните хидросистеми и хидромелиоративни системи, одржување и заштита на природните езера, одржување на водотеци, изградба и одржување на објекти за регулација на водотеци, заштита од штетните дејства на водите (ерозија и порои) вон населени места, подготовка на планови за одбрана од поплави и замрзнување, планови за заштита од ерозија и порои, подготовка на соодветни планови за заштита од други штетни дејствија на водите вон населените места, контрола на состојбите и собирање и обработка на податоците за резерви на вода и нивно рационално користење, хидрогеолошки и други истражувања, подготвување и организирање на спроведувањето на програмата за мерки за заштита на водите од загадување, мониторинг и утврдување на состојбата со квантитетот и квалитетот на водите и мониторинг на безбедноста на водата за консумирање од страна на човекот, воспоставување и одржување на заштитни зони и изградба на одржување на објекти за заштита на водите од загадување.
За реализација на оваа програма од Буџетот за годинава се обезбедени средства во висина од 31.735.000 денари.
Со Програмата за заштита на природата се утврдуваат активностите кои ќе се рeализираат во 2025 година заради унапредување на заштитата на природата во Македонија преку имплементација на целите опредeлени во Националната стратегија за заштита на природата со Акциски план (2017-2027). Средствата од оваа програма со вкупен износ од 77.510.000 денари ќе се обезбедат од буџетот и од донаторски средства од тековен повеќегодишен проект „Поддршка за пристапување на Северна Македонија во ЕУ во областа на животната средина – Фаза 2“ на Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Шведската агенција за животна средина во износ од 30.750.000 денари.
Со Програмата за финансирање на управувањето со посебни текови на отпад се утврдува намената и се доделувааат средства за финансирање на активности за постигнување на националните цели за посебните текови на отпад за 2025 година. Средствата за реализирање на оваа програма во вкупен износ од 131 милион денари се утврдени во Буџетот за 2025 година.