сабота, 27 јули 2024

Министерство за здравство: Нема колапс, има дефект на компресори во Клиничкиот центар

Поради дефект на еден од компресорите, во тек на два дена бил одложен елективниот програм, а не итните случаи за операција на пациенти. Не е точна информацијата за наводен колапс на Клинички центар, се вели во реакцијата на Министерството за здравство (МЗ) на денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Се работи за дефект на еден од компресорите, поради што многу инструменти зависат од притисок што го генерираат пумпите, затоа во тек на два дена елективниот програм, а не итните случаи беа одложени. Проблемот е саниран, а со кислородот немало никаков дефект. Во вторникот е реализирана средба со директорите на Градската општа болница „8 Септември“, ТОАРИЛУЦ, Клиниката за дигестивна хирургија, КАРИЛ, каде што е постигнато усогласување и во тек е усвојување план, како ќе се одвива кохортацијата на пациенти кога ќе почне реновирањето на КАРИЛ“, појаснуваат од МЗ.

Компресорската станица требала да биде променета уште пред три години.

„Во тек се активности на министерот за здравство за проверка на сите компресорски станици во Клинички центар и брзо ќе се пристапи кон промена на сите компресори кои се дотраени. Апелираме јавноста да се информира исклучиво од Министерството за здравство, а информациите да не се злоупотребуваат од политичките партии со цел собирање на политички поени“, истакнуваат од Министерството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ