вторник, 28 мај 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Три дена беа затворени сите хируршки сали на хирургија во Клинички центар

Молк од „транспарентната“ власт за колапсот на Клинички центар, каде три дена беа надвор од функција сите хируршки сали, а не можеа неопходната услуга да ја добијат дури ни итните и животно-загрозувачки пациенти,

Објавено на

часот

Сподели

Неспособната власт која не водеше грижа за инфраструктурата, освен што до колапс го доведе хируршкиот блок на Клинички центар кој надвор од функција беше три дена, сега согласно информациите пет дена е истече сертификатот за порталот на ФЗОМ и не е во функција.

Јавноста многу добро памети кога за прв пат во историјата се случи колапс во ФЗОМ кога целиот систем беше блокиран со денови, заради истата и позната неспособност. И тогаш во така блокиран систем, видовме нула отчетност и транспарентност, а директорите со денови беа сокриени од јавност и не можеше да се дојде до основа информација.

Многу брзо ВМРО -ДПМНЕ ќе стави крај на ваквите штетни политики и на неодговорното и недомаќинско работење.

Платформата 1.189 нуди многу решенија и одговори на барањата на здравствените работници и пациентите и од корен ќе ги смениме овие состојби кои имаат низа аномалии.

Промените доаѓаат, тие се во рацете на граѓаните. Да ја вратиме повторно Македонија на народот“, соопшти Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ