петок, 18 октомври 2024

Министерство за одбрана: Вагнер ѝ предаде голема количина воена опрема на руската војска (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

На објавеното видео се гледа како војниците прегледуваат тенкови, оклопни транспортери, кутии со муниција, калашникови и мини. Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, се согласи да им го предаде оружјето на руските редовни трупи по завршувањето на својот бунт.

 

 

„Целата опрема е испорачана во позадината на фронтот, каде што единиците за ремонт на Вооружените сили на Русија вршат одржување“, додаваат од Министерството.

Доколку веста за предавањето е точна, ова би бил најконкретен знак дека вагнеровците навистина се повлекуваат од борбените операции во Украина, пишува Ројтерс. За време на краткотрајниот вооружен бунт на 24 јуни, платеници ја презедоа контролата врз Ростов на Дон и соборија неодреден број воени хеликоптери, при што беа убиени нивните пилоти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ