На објавеното видео се гледа како војниците прегледуваат тенкови, оклопни транспортери, кутии со муниција, калашникови и мини. Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, се согласи да им го предаде оружјето на руските редовни трупи по завршувањето на својот бунт.
⚡️Footage of the supposed transfer of equipment and weapons of PMC “Wagner” to the Defense Ministry. pic.twitter.com/iNB5qiUaJO
— War Monitor (@WarMonitors) July 12, 2023
„Целата опрема е испорачана во позадината на фронтот, каде што единиците за ремонт на Вооружените сили на Русија вршат одржување“, додаваат од Министерството.
Доколку веста за предавањето е точна, ова би бил најконкретен знак дека вагнеровците навистина се повлекуваат од борбените операции во Украина, пишува Ројтерс. За време на краткотрајниот вооружен бунт на 24 јуни, платеници ја презедоа контролата врз Ростов на Дон и соборија неодреден број воени хеликоптери, при што беа убиени нивните пилоти.