Веста за разрешувањето на директорот Петровски ја објави Слободен печат.
„Минатата ноќ бев на дежурство и во 2 часот по полноќ дојде да ме провери еден новинар зошто сум бил на работа кога сум зел одмор. Меѓутоа, јас за потребите на клиниката имам законско право да дојдам на работа на дежурство, дури и ако сум на одмор, бидејќи нема доволно доктори“, изјави Петровски.
Неодамна имаше хаварија во клиниката поплава од пукната цевка за парно греење, по што министерот во заминување Демири најави одговорност, но не и за економската директорка иако таа клиниката ја имаше оставено без осигурување, но и без биолог.
Поради лошите состојби и нестручноста на економската директорка протестна прес-конференција одржаа минатиот месец лекари од клиниката, а познатиот лекар проф. д-р Нико Беќаровски најави заминување.
МКД.мк беше првиот медиум кој објави какви се состојбите откако за економска директорка беше назначена Иљази која не знае македонски јазик, не доаѓа редовно на работа и со нејзиното работење беа создадени проблеми во функционирањето на Токсикологија.