петок, 18 октомври 2024

Министерот Перински со градоначалниците од Полошкиот регион: Многу приоритетни прашања чекаат на финансиската поддршка од Владата

Општините имаат потреба од финансиска поддршка од Владата за реализација на поголеми капитални проекти. И покрај вонредните напори од страна на локалните власти, со дополнителните средства од Владата многу важни прашања за граѓаните ќе бидат решени многу побрзо, беше заклучено на денешната средба на министерот за локална самоуправа Златко Перински со градоначалниците од Полошкиот плански регион.

Објавено на

часот

Сподели

Перински ги информираше градоначалниците дека првите сто милиони евра ќе можат да се реализираат веќе од септември, но важно е што финансиската поддршка ќе биде уште поголема и континуирана во наредните години. „Потребно е да се посветите на изработка на проекти и проектна документација за да се осигура брза и квалитетна изведба на инфраструктурните проекти“, рече министерот Перински.
Тој истакна дека постапката на проверка на проектите и на проектната документација ќе ја спроведе Министерството за локална самоуправа, но во следната фаза ќе се врши и редовен надзор над реализацијата на средствата и на квалитетот на изведување на проектите од страна на општините.
На состанокот беше истакнато дека јавниот повик ќе биде отворен за сите општини, сите имаат еднакви шанси, сѐ ќе зависи од квалитетот на проектите со кои што општините ќе аплицираат.
„Ќе бидеме најзадоволни доколку има многу и издржани проекти кои ќе ги апсорбираат сите расположливи средства и кои што ќе гарантираат брза реализација и брзо решавање на потребите на граѓаните“, рече министерот Перински.
Општините најавија дека ќе учествуваат на повикот со апликации за различни капитални инвестиции, како што се изградба на основно и средно училиште во Општина Тетово, реконструкција на булеварот Браќа Ѓиновски и реконструкција на шеталиште во Гостивар и бројни други проекти во другите општини. Овие проекти по завршувањето на повикот ќе бидат евалуирани од страна на комисија и одобрените ќе почнат да се финансираат, соопшти Министерството за локална самоуправа.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ