Министерот за правда Кренар Лога во дописот до Судски совет наведува дека и покрај претходните укажувања за навремено доставување на материјалите, тие не му се доставуваат ниту пред ниту после одржувањето на седницата која е одржана на 23 ноември.
„Недозволиво е министер за правда да се информира за точките од дневниот ред од медиумите преку кои бевме информирани за изборот на Лорета Ѓоргиева за член на Комисијата . Поради конфликтот на интереси и фактот што Ѓоргиева јавно застана во одбрана на судијата Лазар Нанев кој неодамна беше ослободен од функцијата претседател и член на Советот на ИКТ, министерот за правда бара Судскиот совет да ја изземе Ѓоргиева од Комисијата на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател.
Доколку Ѓоргиева не се изземе од комисијата, Судскиот совет прави лош преседан со кој ќе се намали и онака ниската доверба на граѓаните во правосудниот систем“, се вели во соопштението..