сабота, 27 јули 2024

Министерот Демири остава на ВМРО-ДПМНЕ да го реши проблемот со болницата во Лешок

Во болницата за белодробни заболувања во Лешок нема кој да ја продолжи дејноста затоа што директорот во октомври 2023 година замина во пензија, а таму се вработени 20 луѓе со средно медицинско ушилите. Но бидејќи тие не сакаат спојување со Тетовската болница тогаш тоа ќе го оставам да го решаваат самите помогнати од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ која ги поддржа на протестот. Тие нека решат како ќе обезбедат плати, изјави денеска министерот за здравство Илир Демири на прес конференцијата на која информираше за повеќе отворени прашања и проблеми од областа на здравството.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Како што кажа Демири, во Болницата за белодробни заболувања во Лешок има еден вработен кој од октомври 2023 година е во пензија, па затоа уште додека бил менаџер во Клиничката болница Тетово упатил барање до Министерството за здравство за припојување на оваа болница со тетовската, со цел да има континуитет во работењето.

„Таму се вработени 20 луѓе со средно медицинско училиште и не можат да бидат носители на дејност според законот. Побарав од директорот да се организира Управен одбор кој ќе поднесе извештај, кој ќе биде доставен до Владата за да се обезбеди континуитет во работењето, а вработените да продолжат да примаат плата. Но се случи нешто необично кога вработените помогнати од пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ излегоа на прес конференција и искажаа некои небулози дека сум имал намера да вработам друга структура на луѓе што не е точно. Таму се вработени 16 Македонци и четворица Албанци. Сега болницата Лешок ќе ја оставам затоа што вработените не сакаат припојување кон тетовската болница и ќе оставам заедно со пратеничката да го решат тоа, како ќе обезбедат континуитет на дејноста и како ќе обезбедат плати“, рече Демири.

Вработените од Специјализирана болница за белодробни заболувања и туберкулоза-Лешок пред 10 дена организираа прес конференција на која го искажаа несогласувањето со министерот за здравство Илир Демири дека нивната установа треба да се спои кон Клиничка болница Тетово. Тие сметаат дека решението не е во спојување како правен субјект, туку во вработување на специјалисти. Тие добија целосна поддршка од Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ