сабота, 27 јули 2024

Наместо спојување со болницата во Тетово, да се вработат специјалисти, реагираат вработените од лешочката болница

Вработените од Специјализирана болница за белодробни заболувања и туберкулоза-Лешок не се согласуваат со вчера истакнатиот став на министерот за здравство Илир Демири во Тетово дека нивната установа треба да се спои кон Клиничка болница Тетово. Тие сметаат дека решението не е во спојување како правен субјект, туку вработување на специјалисти.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Вработените не се согласуваат со одлука за спојување затоа што тоа, според нив ќе им биде нанесена штета на болницата и репутацијата што ја градат со години.

„Се бара од министерот Демири да го преиспита и да го поништи барањето што го дал за припојување на болница Лешок кон Клинички центар Тетово и за кое има информација дека треба да биде усвоена на наредна седница на техничка влада. Зошто министерството за здравство со сите свои министри до сега не направија план и програма за вработување на кадри специјалисти не дадоа дозволи за специјализации и програма според дефиците на кадар, иако секоја година добива извештаи? Бараме да се донесе кадар доктори специјалисти за да продолжи нормалното функционирање на болницата. Барањето од министерот Демири поврзано со нашата болница итно да се поништи, да не се даде на следна седница на Влада,бидејки за осум години не се најде решение, зарем ќе се најде за две недели?“, вели Валентина Зафировска, од синдикатот на вработените во ЈЗУ Специјализирана болница за белодробни заболувања и туберкулоза-Лешок

Министерот за здравство, Илир Демири вчера од настан во Клиничка болница рече дека специјалната болница во Лешок, ако не се земе под капата на тетовската болница, таму ќе останат 20 луѓе без плата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ