Во 2020 година Усеини доби кривична пријава за насилство, поради што избега, но случајот се затвори откако нападнатиот ја смени изјавата.
Усеини е познат по дивоградбата кај Чинарот и бетонската база на брегот на езерото, која беше урната во 2020 година. Овие дивоградби беа наведени во негативните извештаи на УНЕСКО за Охрид и околината.
Бектеши ја посети неговата пицерија чија тераса има решение за уривање кое не е спроведено.
Министерот за економија фотографиите од прошетката низ Охрид ги објави на својот официјален фејсбук-профил. Усеини, како член на ДУИ, на последните локални избори повторно беше избран за советник во Општина Охрид. Од февруари е член на Комисијата за заштита на животната средина во општината.