петок, 27 декември 2024
Во касарната во Петровец

Министерката Петровска отвори спомен соба посветена на Првата пешадиска бригада

Објавено на

часот

Сподели

„Не постои доволно голема просторија која може да го собере сето она што е направено во нашата држава и од вас кои сега ја носите оваа униформа и тоа го правите со гордост, и од сите оние кои ги положија животите за државата. Темелите на оваа држава се многу значајни за сите нас и ме радува фактот дека после триесет години и сите стратешки цели кои ги постигнуваме и се развиваме, тие се битни за сите нас. Ваквите спомен соби се само уште еден поттик да создадеме еден голем Воен музеј, зашто македонската Армија има традиции од многу одамна“, рече министерката на отворањето на спомен собата.

Во касарната во Петровец, министерката изврши обиколка на армискиот објект кој по четиримесечната реконструкција денеска претставува, како што рече таа, вистински репрезент за НАТО Армија во која стандардот на припадниците и нивните услови за работа се прв приоритет

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ