среда, 12 март 2025

Минхен: Голем протест против НАТО и Минхенската безбедносна конференција (ВИДЕО)

Во Минхен се одржа голем протест против НАТО и Минхенската безбедносна конференција, која се одржува од 14 до 16 февруари, учесниците на демонстрациите повикуваа на мировни преговори и се противат на испорака на оружје за Украина и Израел, пренесуваат германските медиуми.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Демонстрациите беа организирани од „Алијансата за акција против безбедносната конференција на НАТО“, која соопшти дека на конференцијата во Минхен не се разговарало за безбедноста, како и дека таканаречената глобална супериорност на Западот, заснована на империјалистичката поделба на светот, доведе до бројни конфликти ширум светот, пренесува РИА Новости.

Организаторите наведуваат и дека Германија сѐ повеќе се милитаризира, додека германскиот народ сака мирољубива политика.

Акциониот сојуз се противи и на плановите на германската влада да распореди американски ракети во Германија. Демонстрантите носеа палестински знамиња, како и транспаренти и постери кои повикуваа на мир во светот и прекин на испорака на оружје за Украина и Израел.

Се наведува дека околу 5.000 полицајци биле распоредени за да ги обезбедат учесниците на конференцијата, која започна во петокот, а завршува во недела. Беше повикано засилување од другите делови на Германија и од Австрија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ