„Од новата администрација очекуваме овие, условно кажани, ‘персонализирани’ контакти да вродат со плод кои би биле повеќе проекти од заеднички интерес во енергетиката, економијата, во одбраната и безбедноста и во владеењето на правото. Очекувам добри односи со секретарот за трговија. Македонија може да си го најде своето место и да привлече странски инвестиции од САД“, вели Милошоски.
За евентуалното поголемо вклучување на Вашингтон во блокираните ЕУ интеграции на Македонија, Милошоски вели дека тоа веќе било искомуницирано при претходните средби на премиерот Христијан Мицкоски. „Очекуваме Вашингтон да покаже поголема волја и интерес за проширувањето на ЕУ. Може да очекуваме и дополнителен ангажман, но зависи и кој ќе биде иден помошник на државниот секретар за Европа“, рече Милошоски.
🇲🇰 Ми беше чест да се обратам во името на Македонија на дебатата во американскиот Конгрес на тема важноста на трансатланската соработка за безбедноста во Европа❗️
👇 Организатори на настанот беа конгресмените Пит Сешнс и Боб Адерхолт🇺🇸 pic.twitter.com/VQVSSAtmrE
— Antonio Macedonian (@AMiloshoski) February 5, 2025