Управата барала од Милошевиќ да си ја намали платата, тој не прифатил. Двете страни не најдоа заеднички јазик, па поради тоа се случува разделбата.
Партизан сака да ги намали трошоците, а еден од сегментите се платите.
Голем број вработени од Партизан заминаа поради истата причина, а Милошевиќ ќе биде последен во низата.
Партизан може да жали, бидејќи под водство на Саво Милошевиќ излезе од кризата и се врати на посакуваните патеки во српската Суперлига. Сепак, сега управата ќе побара ново решение.