сабота, 27 јули 2024

Милијарди евра за јакнење на источното крило на НАТО

Објавено на

часот

Сподели

Чешка ќе купи 246 борбени возила ЦВ90 од шведскиот производител БАЕ системс со опрема и резервни делови заедно со обука на војници за 2,5 милијарди евра.

Првите 10 возила ќе бидат испорачани во 2026 година, најави премиерот Петр Фиала во Прага по седницата на Владата.

Војската на Чешка првично планирала да купи 210 борбени возила, но поради војната во Украина настојувала да забрза со набавката и испораката, па купува уште 36 возила.

Владата го оцени договорот како поволен бидејќи гарантира вклучување на 30 компании од чешката воена индустрија со кои БАЕ системс потпиша договори за соработка на различни проекти во вредност од 40 отсто од договорената набавка.

Министерката за одбрана Јана Чернохова изјави дека ќе почнат преговори за купување тенкови леопард од германско производство во верзијата 2А8.

„Ќе преговараме со Германија за купување на приближно 70 тенка. Тие би можеле да бидат испорачани до 2030 година. Уште кога ја презедов функцијата, реков дека приоритет ми е тешката бригада“, рече таа.

Соседна Полска, по договорот главно со Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја за купување на американски тенкови абрамс и корејските К2 црн пантер, хаубици краб и К9, американски повеќецевни фрлачи ХИМАРС и ЧАНМУ, борбени авиони ФА-50 и американски Ф-35, ја модернизира и воената морнарица со купување подморници.

Полска ја покренува програмата „Кит-убиец“

„Ја почнуваме програмата ‘Кит-убиец’. Веќе оваа година почнуваме со набавка на подморници со потребните технологии. Подморниците мора да можат да користат торпеда, но и проектили“, изјави полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак, но не прецизираше колку и какви подморници сака да купи Полска оваа година.

Министерот го оправда брзото вооружување на Полска со обидите на Русија да ја обнови својата империја.

„Таа империја отсекогаш беше закана за слободниот свет. Без разлика дали беше бела или црвена, како сега оваа на Путин, таа секогаш постапуваше на ист начин, вршејќи воени злосторства“, рече Блашчак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ