Милевски е задоволен од атмосферата во репрезентацијата, а за престојните дуели најави експеримени во играта.
„Задоволен сум од тоа што го видов кај момците во овие три дена. Атмоферата во репрезентацијата е на највисоко ниво. Во селекцијата имаме фудбалери и кои се без минутажа во нивните клубови, но навикнати сме на таа состојба. Најважно е тие да се здрави и да се физички подготвени. Ќе испробаме неколку различни тактички потези и нови позиции на дел од фудбалерите. Ќе ги искористиме овие дуели за да испробаме нови варијанти и дел од играчите ќе играат на невообичаени позиции“, кажа Милевски.
Македонија утре игра со Молдавија од 15:30 часот, на 25 март против Црна Гора од 18 часот.