Милан вечерва на Сан Сиро против Феенорд ќе истрча со негатива од еден гол. Холандскиот тим го доби првиот дуел со 1-0.
Росонерите мора да победат за да го продолжат патот во Лигата на шампионите, секој поинаков исход ќе ги елиминира. Триумф со еден гол разлика ќе го однесе мечот во продолженија.
Иста е позицијата и на вториот италијански тим кој вечерва има европска задача, тимот на Аталанта.
Тие играат против Клуб Бриж и исто така со еден негатива ќе го почнат вечерашниот дуел. Белгијците славеа со 2-1 во првата пресметка.
Гасперини кој беше бесен на судењето во Белгија, без сомение ќе го мотивира својот тим да даде се од себе за да ја оствари целта, а дали тоа ќе биде доволно, ќе се види вечерва.
Баерн Минхен ќе се сретне со Селтик на Алијанц Арената, Германците во Глазгов победија со 2-1, па не би требало да имаат проблем на денешниот меч.
Слично е и кај Бенфика која со 1-0 славеше во Монако, а денеска во Лисабон ќе треба да се потруди да избегне пораз.