Тој бил приведен од страна на полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија и Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ.
„По преземени мерки и активности, дојдено е до сознание дека на 12 јануари околу 20 часот, тој го управувал патничкото моторно возило крајслер, кое во близина на Дојран излетало во провалија, а во кое превезувал 11 лица мигранти од Сирија, од кои едно лице почина, а останатите се здобија со повреди. Според пријавеното, пред да излета возилото, тој скокнал од него и го напуштил местото“, појаснуваат денеска од МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.