петок, 18 октомври 2024

Мицкоски за случајот онкологија: Организирана мафија која создаде диво месо

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција рече дека има нови сознанија за Клиниката за онкологија за периодот од 2021 до 2023 година. Мицкоски презентираше извештај од Фондот за здравствено осигурување кој извршил вонредна финансиска контрола на јавните набавки на Министерството за здравство за периодот од 1 август 2021 година до 1 август 2023 година и на Клиниката за онкологија за периодот од декември 2022 до март 2023 година. 

Објавено на

часот

Сподели

Извештајот, како што истакна Мицкоски, покажува дека лековите за пациентите доцнеле, а за тоа никој не испратил допис и не биле раскинати договорите со добавувачите, немало контрола при аплицирањето на лековите што им се даваат на пациентите кои лежат на клиниката и се давале лекови на пациенти кои требало да ги примат на друга клиника, а за тоа нема никаква потврда дали тие лекови ги примил пациентот. 

Сите документи, како што најави, ќе бидат доставени до Јавното обвинителство, а од Анкетната комисија во Собранието бараат да го прошири опфатот и со овој период од извештајот.

„Станува збор за организирана мафија која, за жал, сѐ уште оперира, мафија која на грбот на граѓаните заработува. Она што овде е запрепастувачки не е само криминалот, туку бездушноста да се заработува на грбот на другиот. Мора да има одговорност. Бараме Анкетната комисија во Собранието да се пришири и да биде опфатен и овој период од извештајот. Сите наши сознанија ќе бидат доставени до Јавното обвинителство“, рече Мицкоски. 

Жално е што обвинителството не покрена ниту обвинителен акт и се се заврши со само формална предистрага. Доста со басните за некаква висока политика, во реалниот живот се губат животи поради корупција и криминал. Преку свиркачи добивме огромна документација која многу внимателно ја анализираме и врз основа на која влечеме заклучоци откако претходно се консултиравме со луѓе кои се стручни и луѓе кои имаат предзнаење и познавање за тоа кое што е содржано во таа документација.

Извештај од ФЗО за извршена вонредна финансиска контрола на условниот надоместок во универзитетската Клиника за радиологија и онкологија не е јавен. Овој извештај е за јавните набавки за периодот од 1 август 2021 година заклучно со 1 август 2023 година. Колку и да има луѓе чиј основен мотив е криминалот, животот на човекот е неприкосновен. Добавувачите согласно договорите, се должни да ги испорачаат лековите во рок од 5 или 10 дена, и ако доцнат со испораките се создадени дефектури, период во кој пациентите не ја добиваат терапијата. Бидејќи добавувачите не ги почитуваат договорите, не е испратен ниту еден допис од одговорните лица, ниту е преземено нешто да се надмине дефектурата, да се извести Бирото за јавни набавки, да се даде негативна референца на добавувачот или да се прекине договорот. Ниту еден добавувач не е предупреден, ниту му е дадена негативна референца за неиспорака, а не е ниту добиен одговор, каков било, објективен или субјективен, од дистрибутерите, зошто не се испорачува навремено робата според договорот. Свесно се крши договорот, не се испорачуваат лековите, пациентите остануваат без потребната терапија, и за тоа никој не сноси никакви последици. А ќе ве потсетам зборувавме за реверс, предвремено доставување на лекови, за оние на кои тие лекови им се потребни. Набавувач е познатата веледрогерија на власта. 

На одделенијата за лежечки пациенти, во амбулантските дневници медицинскиот персонал го запишува и остатокот од некои вијали. Вијала е пакување дека е даден на соодветниот и друг пациент, со цел да се заштеди вишокот на лекот, но нема писмен траг, интерна книга, дали се фрла или кому се дадени за да се доискористи лекот од вијалата. Вијалата е 100 единици, дозата што треба да ја добие пациентот е 50 единици, тие 50 единици се аплицираат, но останатите 50 единици никој не знае, ниту имаат некаква трага каде завршуваат и дали некаде воопшто завршуваат. И ова е така со години правено, бидејќи нема никаква контрола. На тој начин директно со милиони, стотици милиони се оштетуваат македонските граѓани. Овој документ што го имам е извештај од специјалист, односно субспецијалист, каде што во наодот вели дека на барање на пациентот терапијата ќе се аплицира во друга медицинска установа на онколошко одделение. Со други зборови, доаѓа пациентот кој што треба да добие терапија, на клиниката во торбичка му ја даваат терапијата и потоа пациентот оди да ја аплицира таа терапија. Вистинското прашање е дали имаме повратен одгвоор каде е аплицирана таа терапија и дали навистина таа терапија е аплицирана?

Но, исто така останува непозната дилемата дали самата клиника имала интерна процедура или протокол за издавање на лекови согласно членот 8 од Законот за евиденции од областа на здравството имајќи предвид дека секои од овие лекови за да се пренесе од точка А до точка Б треба да има и соодветен термички третман. Во еден од договорите стои дека лекот не смее да биде во средина каде температурата ќе биде помала од 2 Целзиусови степени и поголема од 8 степени.

Дали е ова организиран шверц и дали е ова начинот на кој се испумпувани милиони од буџетот на грбот на граѓаните во Македонија? Понатаму зошто никој не го отвори прашањето која е цената по која универзитетската Клиника за радиологија и онкологија ги наплаќа своите услуги од фондот за здравство и која е цената која пациентите ја плаќаат за аплицирање на овие лекови во други здравствени установи, дали е тоа двојна наплата? Дали не сите граѓани имаат право на живот?

Според Фондот за здравство на 31 март 2023 имало залиха од лекови набавено од омилената веледрогерија на власта абиратерон во ампули од 250 милиграми. Или вредноста на залихата била 121.149.360 денари и тој лек е пакуван во две големини 250 милиграми и 500 милиграми. Следен лек е алектиниб. Состојбата на залиха на 31 март 2023 е речиси 123 милиони денари, или точно тоа е 122.986.958 денари. Понатаму вемурафениб 240 милиграми, вредност 406.464.361 денар. И да не останам должен, абиратерон, лекот во пакување од 500 милиграми, состојба на залиха на 31 март 2023 година 950.292.000 денари или вкупно нешто повеќе од 1,5 милијарди денари или нешто повеќе од 25 милиони евра.

Значи на 31 март 2023 имало залиха вредна 1,5 милијарди денари, но тоа никого не спречува на 27 февруари да се распише јавна набавка, со која што повторно се бараат истите лекови од омилениот добавувач, И на 8 мај се склучува договор во вредност од точно 513.656.549,66 денари, со вклучен ДДВ.

Станува збор за организирана мафија, која што за жал денеска, сѐ уште оперира. Мафија која на грбот на граѓаните заработува. Она што овде е запрепастувачко, не е само криминалот, туку бездушноста да се заработува од уништувањето на другите животи. Оваа канцер мафија, која го создаде дивото месо, мора да биде победена и мора да има одговорност“, рече Мицкоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ