недела, 22 декември 2024

Мицкоски за средбата со Орбан: Стратегиско сојузништво

Имав плодна и пријателска средба со унгарскиот колега Виктор Орбан. Историјата сведочи за нашиот заеднички стремеж кон мир, просперитет и соработка, напиша премиерот на Македонија Христијан Мицкоски по средбата со премиерот на Унгарија Виктор Орбан. Во Охрид во тек е заедничката седница на членови на владите на Македонија и Унгарија.

Објавено на

часот

Сподели

„Унгарија во минатото беше еден од првите наши партнери кој ги препозна македонските стремежи за независност и суверенитет. Со години наназад, политичките и економските врски меѓу нашите држави се продлабочуваат, а денешните средби само го потврдуваат нашето стратегиско сојузништво.
Унгарија не е само наш партнер во европската сцена, туку и пример за тоа како една држава може успешно да го балансира националниот суверенитет со глобалната интеграција“, напиша на својот фејсбук-профил Мицкоски.

Во Охрид во тек е заедничката седница на Владите на Македонија и на Унгарија, предводени од премиерите на двете држави, Христијан Мицкоски и Виктор Орбан.На седницата што е предвидена да трае околу два часа и претходеше тет-а-тет средба на претседателите на владите на двете држави.

По меѓувладината седница протоколот предвидува двајцата премиери да одржат прес-конференција на која ќе презентираат детали од текот на остварените разговори.

Бројната унгарска делегација што синоќа допатува во Охрид е составена од десеттина министри од Кабинетот на Орбан.

Попладнево  предвидена е и прошетка на унгарската делегација низ Охрид, посета на црквата Богородица Перивлепта, Античкиот театар и манастирскиот комплекс Свети Наум, а премиерите на двете земји ќе положат цвеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во Охрид. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ