„Али Ахмети точно знае за што зборувам и знае кој негов соработник уживал во луксузен хотел во претседателскиот апартман во Истанбул. Тоа е човекот кој координира таква група. Ги знаеме лицата и знаеме што прават“, изјави денеска Мицкоски.
На прашањето дали разговарал за тоа со техничкиот министер за внатрешни работи и дали МВР ќе постапува, Мицкоски новинарите ги упати за одговор до МВР.
Во декември 2022 година беше објавено дека Назим Буши, заменикот министер за внатрешни работи, за 20.000 евра за едно ноќевање престојувал во претседателски апартман во хотелот „Парк босфор хотел“ во Истанбул.
Тврдењата на Мицкоски од ДУИ ги оценија како невистинити и намерно ширење на лажни вести со цел, како што велат, поттикнување на национализам во функција на прибирање на гласови и поделби во општеството.