вторник, 17 декември 2024

Мицкоски: Сo најсложенатa полициска акција се расветлуваат 7 брутални убиства во изминативе години

Во полициските акции кои се одвиваа изминативе неколку дена во државата уапсени се десетици лица кои се товарат за повеќе тешки кривични дела. Екс директорот на „Лотарија“ подолго време е надвор од државата, а Груби заедно со уште едно лице со дипломатски таблици заминал за Косово. Во истрагата е вклучен и екс премиер, изјави вечерва претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во емисијата Клик плус на ТВ 21.

Објавено на

часот

Сподели

Една од акциите на МВР која ја коментираше премиерот, е акцијата за криминални кланови кои биле со години присутни во државата, група која е поврзана со многу сторени криминални дела, меѓу кои и убиства.
„Полициската акција против криминални структури кои изминативе години, децении би рекол се присутни низ градовите во државава, станува збор за акција против група за која што има основани сомневања дека се поврзани со многу сторени криминални дела меѓу кои и убиства“, истакна премиерот Мицкоски.
Тој додаде дека според информациите со кои располага, со оваа полициска акција расветлени се седум убиства во Македонија.

„Можам да кажам дека врз основа на доказите што се прибавени станува за најсложена полициска акција во историјата на Македонија и акција која ќе обелодени и со која ќе се разјаснат убиства случени изминатите години. До овој момент јас располагам со информација дека се расветлени седум убиства сторени од оваа група“, одговори премиерот Мицкоски.

Тој вечерва изјави дека екс директорот на „Лотарија на Македонија“ како и поранешниот потпретседател на Владата Артан Груби кои се дел од поголема истрага што се води за злоупотреби во Државната лотарија не се достапни на органите на прогонот, но според информациите со кои располага тој, екс директорот на „Лотарија“ подолго време не е во државата, а Груби, со уште едно лице стопанственик, во возило со дипломатски таблици ја напуштил Македонија преку граничниот премин со Косово.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ