сабота, 23 ноември 2024

Мицкоски: Подготвен сум да разговарам за решение за преговори со ЕУ кое ќе гарантира Копенхашки критериуми

Откако минатата недела македонскиот премиер Христијан Мицкоски најави дека „преку разни институционални канали ќе се обрати и ќе работи со Европската комисија и со партнерите за изнаоѓање решение кое ќе биде достоинствено и согласно националните интереси“, речиси секојдневно добива новинарски прашања – до каде е подготовката на писмото со македонските позиции и предлози за надминување на застојот во евроинтеграциите .

Објавено на

часот

Сподели

„Писмото до ЕУ е во подготовка. Пред да го испратам сакам да имам појасна слика до каде сме и што можеме да направиме“ – одговори денеска на прес-конференција премиерот  Мицкоски, на уште едно прашање далиима нови идеи за продолжување на преговорите и дали очекува поинаква опција или оптимизам од Унијата.

„Не би се согласил дека нема оптимизам. Не би се согласил со ставот дека таму не постои разбирање за нашите позиции“, одговори Мицкоски, додавајќи дека ако не се смени преговарачката рамка, тогаш „најдобро е да прифатиме сè и да се избришеме’.

„Тогаш најдобро е да прифатиме сè што бараат соседите, да се избришеме, и тогаш ќе бидеме најсреќни. Јас така не водам политика. Ако некој друг така водел политика во минатото, да ги ограбува граѓаните и да се самоизбришува, тогаш тие беа поразени пред 4 месеци. Писмото е во подготовка. Утре патувам во Берлин ќе има состанок на Берлинскиот процес и ќе разговарам со голем број од европските политичари. Пред да го испратам писмото сакам уште малку повеќе да имам јасна слика за тоа до каде можеме и што можеме да направиме“, рече Мицкоски.

Во меѓувреме, во македонската јавност се пласираат претпоставки засновани вр понудата на унгарскиот премиер Виктор Орбан за посредништво во спорот со Бугарија, дека првата средба на премиерот Мицкоски со бугарскиот претседател Румен Радев, ќе биде органирана на 7 ноември, на состанокот на Европската политичка заедница во Будимпешта.

„ Немам информации за средба со бугарскиот претседател Румен Радев во Будимпешта, но подготвен сум да седнам и да разговарам. Јас немам таква информација, ниту знам за таква средба, но доколку постои иницијатива за таква средба и на 7 ноември, и на 17 октомври, и на 27 октомври, јас сум подготвен да седнам и да разговарам. Не мора да биде тоа во Будимпешта. Може било каде да седнеме да разговараме, да најдеме решение кое ќе биде на долг рок и кое ќе гарантира Копенхашки критериуми, ќе гарантира права, ќе гарантира успех во процесот на преговори. Но, доколку дојде таква иницијатива од господинот Орбан на 7 ноември, подготвен сум дури и порано, било кога, да седнам да разговарам, врз основа на аргументи, не на диктат. Диктати не прифаќам “, категорично одговори премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање за евентуално договорената средба со бугарскиот претседател Радев во Будимпешта.

.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ