„Имам чувство, а и тоа што успеав да го видам и слушнам од моите директни контакти е дека полека, но сигурно од Вашингтон и насекаде во светот ќе се шири и ќе владее новото нормално. Ние сме меѓу првите што го поддржавме новото нормално и ценам дека тоа ќе биде масовно во периодот којшто следи и ќе добие голема поддршка во светот. Ценам дека со контактите што ги имаме од најблискиот периметар на претседателот Трамп можеме само да добиеме, а не и да изгубиме“, рече Мицкоски.
Tој го повтори ставот дека билатералниот спор што го имаме со Бугарија е спор што нема никаква врска со вредностите на 21 век.
„Ценам дека треба час поскоро ние како држава да ги почнеме и формално преговорите со ЕУ коишто се дел од овој билатерален спор. А за сите останати атрибути кои се дел од овој билатерален спор кој за жал, уште одредени политички кругови кај нашиот источен сосед ги третираат како свој врвен приоритет, мислам и не треба премногу да се коментира бидејќи сепак идентитетски прашања, прашања што се поврзани со идентитетот на македонскиот народ – секој мој коментар би бил одвишен и се знае кој е мојот став по тоа прашање“, рече Мицкоски.