среда, 5 февруари 2025

Мицкоски: Националната развојна стратегија 2024-2044 е визионерски документ за фундаментална трансформација на земјата

Првиот состанок на Управниот одбор на Националната развојна стратегија во проширен состав се одржа денеска во Владата. Овој состанок е од клучно значење за зајакнување на стратешката соработка и партнерството со меѓународните институции и донаторите, напиша на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

„Националната развојна стратегија 2024-2044 е визионерски документ кој има за цел фундаментална трансформација на земјата преку економски раст, енергетска независност, инвестиции во знаење, инфраструктура и дигитализација. Пред нас е голем предизвик, да создадеме стабилна и економски просперитетна држава, со силни институции и правда еднаква за сите. Затоа, потребна е координација, партнерства и мобилизација на ресурси за ефективно спроведување на стратегијата“, објави Мицкоски.

Со заеднички напори, како што наведува, можеме да ја реализираме оваа визија за доброто на граѓаните и идните генерации.

„Ни претстои голем предизвик во претстојниот период за поставување на основите за спроведување на Националната развојна стратегија. Владата одобри сеопфатно управување и структура за поддршка на нејзиното спроведување, со уверување дека документот ќе има ефикасна и ефективна имплементација и ќе даде значајни резултати на краток и подолг рок – за нас и за нашите деца, за генерациите кои доаѓаат, за нашите млади да останат тука и да ги реализираат своите идеи и својот потенцијал.

За доследна и успешна операционализација на целите и приоритетите од стратегијата, потребна е меѓуинституционална комуникација и координација, фокусирање на ресурсите, мобилизација на дополнителни средства за развој преку искористување нови извори на финансирање, подобрување на ефикасноста на финансиските приливи – и сè ова да придонесе кон оптимално и рационално користење на финансиите што ќе бидат повеќе ориентирани кон резултати.

Од тие причини, решивме да ја организираме оваа донаторска конференција со што ќе ја потврдиме нашата стратешка определба за градење на партнерства и транспарентно, планирано и координирано користење на развојната помош кај нас.

Ве охрабрувам заеднички да ги разгледаме можностите за заеднички партнерски иницијативи и проекти, што ќе придонесат за насочено спроведување на политиките и постигнување на видливи резултати за граѓаните“, порача премиерот Мицкоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ