среда, 23 октомври 2024

Мицкоски на средба со кралот Чарлс III, разговарале за проширување на билатералната соработка

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Лондон остварил средба кралот на Обединетото Кралство, Чарлс III, објави премиерот на неговиот фејсбук профил.

Објавено на

часот

Сподели

„Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што дискутиравме за повеќе важни прашања, вклучувајќи ги билатералните односи меѓу двете земји и можностите за натамошна соработка во различни области“, напиша Мицкоски.

Оваа средба, како што објави премиерот Мицкоски,  претставува значајно признание за Македонија и е потврда за зајакнатата соработка и пријателство со Обединетото Кралство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ