„Сѐ уште не сме почнале со реализирање на анкетите. До сега траеше внатрешно партиската и внатрешно коалициската процедура за номинирање на личности“, рече Мицкоски.
Како претседател на партијата и Извршниот комитет, додаде Мицкоски, го задржуваме правото да предложиме имиња за кои мислиме дека треба да бидат дел од овој процес на анкетирање, надвор од списокот кој е доставен од општинските комитети.
Прашан дали може да обелодени некои имиња, Мицкоски рече дека не може тоа да го направи во моментов.