понеделник, 24 февруари 2025

Мицкоски: Македонија е коспонзор на резолуцијата за Украина предложена од САД, а не од ЕУ

Одлучивме дека ќе бидеме коспонзори на резолуцијата која што е поднесена од САД, изјави премиерот Христијан Мицкоски, запрашан зошто Македонија е една од земјите коспонзор на предлог-резолуцијата на САД за Украина, а не на резолуцијата предложена од ЕУ, предводена од Германија и од Франција.

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски рече и дека очекува таа резолуција да биде поддржана од мнозинството земји во Обединетите нации. Советот за безбедност на ОН денеска ќе гласа за неутрална нацрт-резолуција за Украина предложена од САД.

САД за првпат одбија да бидат коавтор на нацрт-антируската резолуција на Генералното собрание на ОН за Украина и во документот предложен од нив не се обвинува Русија за почеток на конфликтот. Текстот на резолуцијата, исто така, изразува тага во врска со трагичната смрт на луѓето во руско-украинскиот конфликт и апелира за негов што побрз крај.

САД минатата недела одбија да го поддржат текстот подготвен од Украина и од ЕУ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ