„Судската одлука на Уставниот суд е конечна и таа мора да се почитува. Ќе најдеме решение и ќе го премостиме и овој проблем, ќе направиме мапирање на компаниите на кои сега треба да им ги вратиме парите и поединечно со секоја ќе разговараме. На ова предупредувавме и како опозиција уште кога почнаа разговорите за воведување на овој солидарен данок. За можните негативни последици разговаравме и со претставници на меѓународните финансиски институции. Тие тогаш го поддржаа законот. Сега кој ќе го врати ова? И сега наместо нови 50 милиони за нешто друго, ние сега ќе треба да ги враќаме парите само затоа што некој направил грешка. И за тоа сега ќе треба да се понесе одговорност.
Сега би ја прашал опозицијата, кои се тие уставни судии коишто Мицкоски ги навигираше? Нели, така велеа, дел од опозициските партии, дека по налог на Мицкоски работеле уставните судии. Сега пак по налог на Мицкоски работат? Еве нека излезат сега пред граѓаните и пред јавноста и нека кажат кој ќе ги врати овие 50 милиони евра. Од Соравија ли ќе ги вратиме? Од ролс ројсот ли ќе ги вратиме? Од инстант фирмите за јаглен ли ќе ги вратиме? Еве нека излезат сега и нека им кажат на граѓаните“, рече Мицкоски.