петок, 18 октомври 2024
Премиерот по претресите во Академијата за судии и јавни обвинители

Мицкоски: Има индиции за создавање еден центар на моќ во обвинителството и судството

Поради индиции за злоупотреби и создавање еден центар на моќ во обвинителството и судството, полицијата влезе во Академијата за судии и јавни обвинители, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања при
посетата на Битола.

Објавено на

часот

Сподели

Тој нагласи дека Владата континуирано ќе продолжи да се бори против криминалците во правосудниот систем и оти, според него, правда мора секој да добие.

„Има индиции за создавање еден центар на моќ во обвинителството и судството, кој што е партиски октроиран, преку наместени огласи, избори и слично. Такви индиции има, дали тоа ќе се потврди ќе каже МВР. Но, доколку се потврди од тоа што јас го имам на располагање, тоа е уште еден чекор дека навистина имаме партиски опструирано и заробено и обвинителство и судство и не ме чуди што довербата е само два проценти“, рече Мицкоски.

Според него, се работи за исклучоци и оти чесните обвинители и судии се во втор план.

„Овие се во прв план, малкумина, и затоа состојбата е таква каква што е, односно довербата е скромни два проценти. Ние ќе продолжиме и понатаму, нема тука да застанеме како Влада. Мора граѓаните да добијат правда, бидејќи тоа е она со кое што излеговме уште за време на кампањата на претседателските избори во 2019 година“, истакна Мицкоски.

Припадници на Одделот за крим полиција и Одделот за сузбивање на организиран криминал вчера влегле во Академијата за судии и јавни обвинители и одзеле два мобилни телефони од лице вработено во Академијата за судии и јавни обвинители, како и видео запис и две досиеја за еден поранешен и еден актуелен кандидат на Академијата. Сознанијата за можно сторено дело, според Јавното обвинителство, добиле при анализа на телефонот на осомничен јавен обвинител.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ