„Овој проект претставува важен дел од поддршката за оние кои имаат потреба од пристап до сигурни и пристојни домувања. Ваквите проекти се дел од долгорочната стратегија на Владата. Во Кочани беа доделени првите станови. Процедурата за распределба на социјални станови е успешно завршена во соработка со Министерството за транспорт. Се работи за категории на граѓани кои навистина имаат потреба од поддршка, и се надеваме дека ќе се најдат среќни во овие нови домови,“ изјави Николоски.
Mицкоски и Николоски доделија клучеви од станови за социјално ранливи семејства во Кочани
Претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски и вицепремиерот Александар Николоски денеска ги доделија клучевите од становите на новата зграда за социјално ранливите семејства во Општина Кочани.
Објавено на
часот
Сподели
„За мене претставува секогаш задоволство кога ќе можам да бидам дел од ваков настан кога се пушта нешто во употреба и кога имаме корисници коишто со задоволство го очекуваат овој момент. Имав чест да доделам клучеви на едно семејство и еден корисник на два вакви социјални станови и мислам дека на овој начин правиме добри работи за луѓето и ќе продолжиме како Влада да правиме добри работи. Би сакал да се заблагодарам на потпретседателот на Владата и министерот за транспорт, на директорот на АД коешто еве го направи сето ова да биде реалност, на градоначалникот, на пратениците, на останатите членови на Владата кои се тука денеска со нас и можам да кажам дека ќе продолжиме во насока на убави вести за граѓаните и во периодот што следи“, изјави Мицкоски.
Вицепремиерот Александар Николоски најави дека продолжува поддршката за ранливите категории на граѓани. Во моментов се градат социјални станови во Кочани, Прилеп, Каменица и Бутел, со инвестиција од 72 милиони денари.