Како што објави премиерот Мицкоски на Фејсбук на средбата се разговарало за „стратешките интереси на Македонија во однос на проширувањето на ЕУ и подготвеноста на државата да успее на патот кон Европската Унија“.
„Ние сме подготвени да разговараме за сѐ што ќе биде принципиелно и во полза на нашата држава и во интерес на сите граѓани“, наведе Мицкоски во објавата.
Покрај Мицкоски, како што соопшти Советот на ЕУ, на вечерата со Кошта се поканети и косовската претседателка Вјоса Османи, претседателите на Србија и на Црна Гора, Александар Вучиќ и Јаков Милатовиќ, претседавачката на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељка Цијановиќ и премиерите на Албанија и на Косово, Еди Рама и Албин Курти.