понеделник, 24 февруари 2025

Мицкоски: Дебатата во Владата е здрава, нема запирање за процедурите за разрешување на Коцевски и интерпелациите за Судски совет

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека коалициското партнерство и релациите во Владата се одлични, иако има поединци кои понекогаш можеби сакаат, како што рече, малку да си го поткренат рејтингот.

Објавено на

часот

Сподели

„Од тоа што го знам, а мислам дека сум доволно информиран, мислам дека е одлично. Понекогаш  можеби некои поединци ќе сакаат по малку да си поткренат некој процент од рејтингот, мислејќи дека ќе добијат поголем кредибилиет или легитимитет, но добро е тоа. Здраво е, дебатата и внатре во Владата е здрава. Релациите се добри, одлични се“, истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Општина Гази Баба.

Во врска со разрешувањето на државниот обвинител Љупчо Коцевски и интерпелациите на членовите на Судскиот совет, напомена дека двата процеса се паралелни, а процедурата е тргната и нема сопирање.

„Министерството за правда е задолжено да достави како ќе оди процедурата. Задутре на владина седница тоа ќе го поминеме. Процедурата е тргната, нема сопирање. Да одиме чекор по чекор. Штотуку слетав, пред 15 минути. Да ме избрифираат соработниците што се случуваше. Следно е Судскиот совет, тие два процеса се паралелни, едно со друго не се во колизија“, нагласи премиерот

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ