недела, 22 декември 2024

Мицкоски: Ако треба ќе менуваме закони, штипската Клиничката болница мора да се изгради

Владата работи на модел, медицинско-технички-економски модел, кој е во фаза на развој и очекувам до крајот на оваа година сето тоа да биде завршено и од почеток на следната година да почнеме со градење на болницата во Штип, истакна денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на отварање на првото шеталиште и манифестацијата „Пастрамалијада“ во Штип.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

„Што е проблемот? Проблемот е што нема пари. Парите ги украле, ги потрошиле за нешто што не требало. Требало за болницата, но парите ги украле. За жал наследивме состојба, таква-каква што е. Но, тоа е што е“, вели Мицкоски.

Забележа дека за тоа нема оправдување и мора да се најде решение за доизградба на Клиничката болница-Штип.

„Нашиот пристап е да обезбедиме и финансирање и допроектирање и опремување и доизградба и пренос на објектот. Тоа во моментов Законот за јавни набавки не го дозволува, ако е потребно ќе влеземе и чекор напред, ако треба мали нивелирања и на Законот, само да можеме да ги одглавиме многу проекти, коишто се почнати. Парите се украдени и тие се сега споменици на едно време“, изјави Мицкоски.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Мицкоски истакна дека е оптимист и какошто вели „иновираме се трудиме да најдеме начин, за да сето ова го задвижиме и ќе успееме“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ