За запленетите количини месо, АХВ вчера била и официјално известена од Царинската управа, врз основа на што е издадена и наредбата за нештетно уништување на небезбедното месо, информираат од АХВ.
Агенцијата информира и дека до овој момент, преку Системот за брзо информирање за Европската унија, не е добиено известување за пласирана небезбедна серија хималајска сол од брендот „Котами“, која поради утврдено присуство на пластика во одредени серии се повлекува од пазарот во некои од земјите од регионот.
„Како одговорна институција за безбедноста на храната ќе ја следиме состојбата и доколку има потреба, навремено ќе бидат преземени соодветни мерки“, наведуваат од АХВ.