Новата сезона во МЛС почна утрово со натпреварот помеѓу Интер Мајами и Солт Лејк, домаќините славеа со 2-0.
Лео Меси учествуваше во двата гола, но Аргентинецот го привлече вниманието со еден потег кој ја подели јавноста.
Напаѓачот се заигра, па дрибна и противник кој лежеше повреден на тревата, едноставно ја префрли топката преку него и се намести на удар.
Многумина сметаат дека Лео Меси не покажал фер-плеј, додека пак други велат дека реакцијата е генијална, и Аргентинецот уште еднаш покажал врни вештини на снаодливост.
Messi really chipped a player who was down injured 💀 pic.twitter.com/BN3fpsDjxy
— B/R Football (@brfootball) February 22, 2024