Интер Мајами минатата недела на свој терен загуби од Монтереј со 2-1, тогаш не играше Меси, а ноќеска и покрај неговиот настап не можеа да го свртат резултатот, загубија со 3-1 и со вкупни 5-2 се елиминирани од натпреварувањето.
За Интер Мајами настапија Меси, Суарез, Алба и Бускетс, но тимот не беше доволно добар за победа.
Единствениот гол за Интер Мајами го даде Гомез во самиот финиш на натпреварот, Меси запиша асистенција.