среда, 23 октомври 2024

Мерко и уште тројца други обвинети за незаконско назначување директори на училишта

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струга поднесе два обвинителни предлози за кривични дела – Несовесно работење во службата од 353-в и продолжено кривично дело – Фалсификување исправа според член 378 од Кривичниот законик, а поврзани со работата на училишта на територијата на општина Струга.

Објавено на

часот

Сподели

„Во првиот предмет обвинети се четири лица. Првообвинетата – наставник по француски јазик во основно училиште во Велешта употребила три лажни јавни исправи како вистинити, кои ги искористила за полагање стручен испит во Државниот испитен центар. Останатите тројца – градоначалник на општина Струга, директор и помошник-директор на училиштето ги прифатиле фалсификуваните документи во постапката за полагање стручен испит, вработување како наставник, но и за назначување на првоосомничената за в.д. директор на училиштето во периодот од 19 април 2022 до 06 септември 2023 година“, појаснуваат од Обвинителството.

Второто обвинение е само против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко и се однесува на назначување директор во основното училиште во селото Подгорци.

„Во вториот предмет, обвинет е градоначалникот на општина Струга за кривично дело, несовесно работење во службата, бидејќи донел решение со кое за в.д директор на основно училиште во селото Подгорци именувал лице кое не ги исполнувало условите, односно немало работно искуство од најмалку пет години во воспитно-образовна работа, како што е предвидено во Законот за основно образование. Иако не ги исполнувало условите, лицето ја извршувало директорската функција во периодот од 11 ноември 2022 до 25 април 2023 година“, информираа од струшкото јавно обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ