вторник, 25 февруари 2025

Мерцедес најави 36 нови модели, ги задржува V8 и V12 моторите со внатрешно согорување

Мерцедес-бенц објави неверојатни вести. Гигантот од Штутгарт најави намалување на трошоците за производството, но и лансирање на десетици нови модели од кои повеќето, што никој не го очекуваше, ќе бидат со нормални мотори со внатрешно согорување.

Објавено на

часот

Сподели

Како што е најавено, Мерцедес во следните две години ќе претстави 17 електрични и дури 19 модели со класичен погон, а моделите со мотори со внатрешно согорување ќе се продаваат и во следната деценија.

Ова, сосема неочекувано, доаѓа од произведувачот кој до неодамна тврдеше дека до 2030 година на најразвиените и најголеми пазари ќе нуди исклучиво електрични модели.

Овој пат, меѓутоа, разликата меѓу нормалните и електричните модели ќе биде минимална, дури и кај најпрестижните возила кои се возат на сосема различни платформи.

Очигледно е дека грдиот е-кју-ес беше скапа лекција за Мерцедес, па не изненадува тоа што сега модели речиси воопшто нема да се разликуваат.

Листата на новитети почнува со новата ЦЛА класа, која ќе ги има двата погони, а ќе се нуди како карван и кросовер. Сличен пристап ќе има и новата Ц-класа заедно со моделот ГЛЦ.

Мерцедес потврди и дека работи на електрична верзија на Е-класата како одговор на БМВ и5.

Што се однесува на моделите со фосилни горива, прва за редизајн е С-класата, а V12 моторот останува во понудата!

Профитот на автомобилскиот оддел падна за 39 отсто на 8,7 милијарди евра за време на тешката 2024 година, а прогнозите за 2024 се уште помрачни. Поради тоа Мерцедес планира намалување на трошоците за 10 отсто до 2027 година, а потоа ќе продолжи со дополнителни заштеди до 2030.

И покрај мерките за штедење, сите фабрики во Германија ќе продолжат со работа, иако вкупното производство ќе биде намалено од 2,5 милиони на 2 до 2,2 милиони возила. Производството на барем еден модел ќе биде преместено во Унгарија, каде трошоците за производство се помали за дури 70 отсто.

Мерцедес планира да го зголеми фокусот на производството на возила за американскиот и кинескиот пазар во тие земји, за да се заштити под царински пречки и други пазарни неизвесности.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ