На промоцијата беше промовиран и рок-фолк сплетот „Македонски бисери“, како и преработката на песната „Јано“ од легендарнта рок група од 70-ите „Триангл“, снимени во живо на неодамнешниот концерт на „Меморија“ во Штип.
Лидерот на групата Петар Георгиевски-Камиказа говореше за соработката со Универзитетот „Скопје“, по што збор зеде и ректорот на оваа високобразовна установа, Аце Миленковски, кој говореше за значењето, помошта и соработката помеѓу универзитетот и бендот.
Пред новинарите беше претставена и новата постава, поточно новиот гитарист на „Меморија“, прилепчанецот Рубин Димкоски кој ги доби сите пофалби за неговото свиречко умеење и енергијата која ја носи во себе и ја прикажува на сцената.