среда, 12 март 2025

Мекалинг е најдобар забивач, Хироу е најпрецизен тројкаш на Ол-стар викендот (ВИДЕО)

Кошаркарот на Орланд Мек Мекланг испиша историја во Сан Франциско победувајќи трет пат во низа во натпреварот во забивање на ол-стар викендот, бекот на Мајами, Тајлер Хироу го освои натпреварувањето во шутирање тројки .

Објавено на

часот

Сподели

Првото забивање Мекланг го изведе преку автомобил, додека клучното, последното го направи преку Иван Мобили кој ја држеше топката зад главата.

Посебно интересно беше што Мекланг пред да забие со топката дополнително го допре обрачот и така ги воодушеви сите. Зад Мекланг заврши Стефон Касл од Сан Антонио, додека Матас Бузел од Чикаго и Андре Џексон натпреварувањето го завршија во првата рунда.

Бекот на Мајами едвај влезе во финалето и таму се најде само затоа што Демијан Лилард од последната позиција не уфрли една топка повеќе. Хироу во финалето беше подобар од фаворизираниот Бади Хил кој на почетокот имаше 31 поен и остави најдобар впечаток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ