На средбата посебен акцент е ставен на инвестициите во енергетскиот сектор и транзицијата кон обновливи извори на енергија, што е во согласност со зелената агенда на Македонија.
Министерката Божиновска ги информираше претставниците на ИФЦ за приоритетите на Министерството, нагласувајќи ја важноста на проектите за зголемување на енергетската ефикасност и развој на обновливите извори на енергија. Таа истакна дека Владата е посветена на намалување на зависноста од фосилни горива,
Претставниците на ИФЦ изразија подготвеност за поддршка на овие иницијативи, особено преку финансирање на проекти поврзани со енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и декарбонизација. Тие исто така ја истакнаа важноста на соработката со приватниот сектор и привлекувањето странски директни инвестиции како клучни фактори за одржлив економски раст.
Министерката Божиновска ја нагласи важноста на партнерството со меѓународни финансиски институции како ИФЦ во процесот на енергетска транзиција и изрази уверување дека ваквата соработка ќе придонесе за постигнување на стратешките цели на земјата во енергетскиот сектор.
„Зелената транзиција ќе добие значителен поттик од зголемената поддршка од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата Светска банка која активно ја поддржува енергетската транзиција во регионот на Западен Балкан преку различни иницијативи и проекти и има значајна улога во мобилизирање на капитал за инвестиции во обновлива енергија и енергетска ефикасност“, се наведува во соопштението од МЕРМС.