среда, 23 октомври 2024
Реакција од првиот вицепремиер

Meџити: Вреди ќе гласа за затворање на коцкарниците, ама и ДУИ да гласа за трите онлајн казина

Првиот вицепремиер и лидер на Демократско движење, дел од коалицијата Вреди, Изет Меџити, преку Фејсбук ѝ одговори на коалицијата Европски фронт која во Собранието на Македонија поднесе предлог на законски измени за затворање на сите објекти за игри на среќа, освен во хотелите со пет ѕвезди. Меџити вели дека таквата заложба на ДУИ како предводник на таа коалиција, е преземена од Вреди. Тој има и порака до ДУИ на истата тема.

Објавено на

часот

Сподели

„Вреди му благодари на Европскиот фронт што, во отсуство на сопствена програма, почна да поддржува програмски точки на коалицијата Вреди.
Нивната прва поддршка, за целосно затворање на објектите за коцкање во Северна Македонија, ќе ја поддржат сите пратеници на коалицијата Вреди.
Така, без никакви нагаѓања, ќе го поддржиме предлог-законот што го поднесе Европскиот фронт, а кој е преземен од нашата коалициската програма!
Ова е добар знак, дека отсега наместо по канцелариите на ВМРО, тие влегуваат и ја поддржуваат програмата на Владата на Вреди!
Воедно, ве повикуваме на наредната прва собраниска седница да ја поддржите нашата иницијатива за укинување на трите дозволи за онлајн казина, кои ДУИ ги отвори на крајот од својот мандат“, вели Меџити.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ