Според порталот Журнал.мк, Вреди во Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводат двајца вицепремиери, од кои еден именуван како прв вицепремиер, како и шест министри во владата што ќе ја состави идниот мандатар Христијан Мицкоски. Според сознанјата од извори на коалицијата, денес и утре ќе се договара распределбата на функциите во вториот и третиот ешалон од власта.
Изет Меџити покрај функцијата прв вицепремиер ќе биде министер за животна средина и просторно планирање.
Министер за здравство ќе биде Арбен Таравари, лидер на едното крило во Алијанса за Албанците. Министер за економија и труд ќе биде Бесар Дурмиши од Беса, министер за социјална политика, демографија и млади ќе биде Фатмр Лимани, потпретседател на Беса, Адмирим Алити од Алтернатива ќе биде министер без ресор задолжен за евронитеграции, а министерка без ресор задолжена за добро владеење ќе биде Бујаре Абази од Алијанса за Албанците.
Како што е познато, Африм Гаши е избран за претседател на Собранието на Македонија. Заради функцијата тој поднесе оставка од лидерската позиција во Алтернатива.