сабота, 22 февруари 2025

Меџити: Минчев да не се однесува како копија на Апасиев

Во јавна објава, pрвиот заменик-претседател на Владата и претседател на Демократското движење, Изет Меџити го обвини mинистерот за јавна администрација, Горан Минчев дека користи реторика слична на онаа на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, и потенцираше дека правичната застапеност на Албанците е уставна категорија која не може да се доведе во прашање. Реакцијата на Меџити доаѓа откако Минчев реагираше на изјавата на Меџити дека ќе се вработат 2.000 – 3.000 Албанци во јавната администрација и рече дека изјавата на вицепремиерот Меџити на партиски настан, за масовни вработувања во јавната администрација во период од една година е класичен пример на предизборен популизам, без никаква правна или институционална основа. Реагираше и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која денеска ги отфрли како неточни информациите дека наводно имало некаков договор за вработување 2.000 – 3.000 Албанци во јавната адинистрација.

Објавено на

часот

Сподели

„Минчев да не се однесува како копија на Апасиев, затоа што воопшто не личат еден на друг. Горан Минчев треба да ја напушти реториката на Димитар Апасиев и да се однесува како министер на сите граѓани во нашата заедничка држава“, напиша тој.

Изет Меџити исто така ја потенцираше одлуката на Владата за трансформација на работниот однос од договор на дело во трајно вработување за околу 1500 лица во здравството, од кои 750 се Албанци, додавајќи дека за оваа одлука се горди.

На крајот од својата реакција, Изет Меџити упати јасна порака до Минчев и до сите што го оспоруваат правичниот принцип на застапеност на Албанците во институциите.

„Правичната застапеност на Албанците во државните институции е уставна категорија, непроменлива и неповратна, која се почитува и ќе се почитува, му се допаѓало тоа на Минчев или не!“, вели Меџити.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ