вторник, 5 ноември 2024
Прес-конференција на функционерот на Алијанса за Албанците

Меџити: Летитимно ќе биде собранието на АА во Куманово со претседателот Таравари

„Легитимен претседател на Алијанса за Албанците е Арбен Таравари и партијата има легитимно Собрание, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити“, кој се соочува со разрешување по поделбите во Алијансата за Албанците, но вели дека самиот нема да поднесе оставка. Меџити ги обвини ДУИ за опструкции на неговата работа.

Објавено на

часот

Сподели

„Во Алијансата на Албанците има едно едно централно собрание и тоа ќе биде вечерва во Куманово и тоа ќе биде и собир со граѓаните, легитимните избрани органи или легитимниот претседател на партијата е господинот Таравари, изјави Меџити на средба со новинарите.

Прашан што ќе му порача на Зијадин Села, кој е на чело на едно од крилата на партијата и е претседател токму на Централното собрание на партијата, Меџити рече дека АА има свои легитимни органи и легитимен претседател кој е избран на најдемократски начин во партијата.

„Тие што одлучиле да кумуваат со ДУИ за свој личен интерес тоа е нивна работа, ги поздравувам им посакувам добро здравје,  како министер за здравство. Тоа е коментарот мој за ова прашање“, рече Меџити.

Тој кажа дека 83 членови на собранието се на нивна страна и оти нема нејаснотии.

„Ние ги имаме собрано 83 од членовите на Собранието и мислам дека тука нема нејаснотии. Имаме легални легитимни органи имаме легитимен претседател“, изјави Меџити.

Рече дека не знае кога ќе биде седницата за негово разрешување, но дека тој и министерот за информатичко општество Азир Алиу имаат право да се обратат пред пратениците.

За министерот за правда Кренар Лога, кој е на страната на Села рече дека е негов другар и има голема почит кон него и го чуствува како брат, но дека некогаш патиштата се двојат.

Меџити исто така кажа дека во јавноста има информација дека им било сугерирано на директорите од Клиничкиот центар од ДУИ да земат боледувања за да не бидат разрешени од него и побара од новинарите и Фондот да го проверат тоа.

Министерот за здравство повтори дека политиката треба да ги тргне работите од здравството и од образованието.

„Замислете таков сообраќаен хаос на Клинички, да најдеш решение, ги земаш сите мислења и во тек на три-четири дена треба да се парафира и да се прати на дотично министерство за да може процедурата да си тече. Е тука се соочувам со сите овие опструкции по препорака од Артан Груби за да не можеме да ги реализираме овие проекти. Знаете во оваа држава се може да ти простат само успехот не. Јас навистина се борев, се борев за правата на здравствените работици и граѓаните да добиваат подобри услуги“, рече Меџити.

Министерот кажа дека се соочувал со опструкции за катните гаражи и спојувањето на Клинички, но и за други проекти.

Според него, се покажало дека ДУИ преку нивните министри од кои зависат многу работи и решенија, до крај решиле да политизираат.

„Исто така жалам што на тој пат најдоа сојузници и во неколкумина членови на Алијансата. Но, од друга страна можам да кажам дека сега конечно е јасно кои се вистинските членови на Алијанса кои работат чесно и стојат зад иделогијата на партијата, а кои биле тие кои заради лични интереси решиле да кумуваат со ДУИ во политиката. Конечно граѓаните и симпатизерите може да направат разлика и да бидат сигурни дека нема да имаме тројански коњи на ДУИ кои ќе ја уништат партијата“, нагласи Меџити.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ